Денеска сончево, во вторник дожд, од среда подгответе се за вистински студ

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови.

По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Слично време не очекува и утре, додека во вторник ќе биде променливо облачно, попладне претежно на запад со локален дожд со слаб интензитет.

Во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северен правец.

Она што е забележително за среда е дека температурата ќе се движи од од -2 до -15 степени.