![kon](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/kon.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Денес и утре (15 и 16 септември 2016) во хотелот Инекс Горица во Охрид се одржува меѓународната конференција: „Приватната безбедност во 21 –от век: искуства и предизвици“.
Конференцијата, е во рамките на Деновите на приватното обезбедување 2016, а нејзини организатори се Комората за приватно обезбедување на Република Македонија и „Институтот за безбедност, одбрана и мир“ при Филозофскиот факултет во Скопје.
На Конференцијата присуствуваат бројни преставници, стручни и научни дејци, декани, продека, професори… реномирани експерти од областа на приватното обезбедување од земјата и странство. Нејзината цел е преку размена на знаења, искуства и практики, стручната, научната, но и пошироката јавност да се запознаат и информираат за предизвиците и актуелните состојби со кои се соочува оваа дејност, како и да се продлабочи соработката помеѓу нејзините непосредни вршители и академската јавност, што би придонело за прогрес и унапредување на дејноста и секторот приватно обезбедување во иднина.
Конференцијата ја отворија со свое обраќање Д-р Оливер Бакрески – раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир, Д-р Горан Ајдински – Декан на Филозофскиот факултет во Скопје, Верица Милеска- Стефановска – Претседател на Комората за приватно обезбедување на Република Македонија и Бранко Слак – Претседател на Комората за приватно обезбедување на Република Словенија.
Во рамките на конференцијата ќе бидат промовирани и бројни научни трудови од областа на приватното обезбедување, како и најнови публикации меѓу кои и онаа во издание на Комората на РМ, книгата: „Планирање и процена на ризик, во функција на заштита на лица, имот и работење“.
Во рамките на кампањата „Денови на приватното обезбедување 2016“, Комората ќе претстави дел од своите редовни домашни и меѓународни активности меѓу кои се изработката на „Стратегијата за развој на приватното обезбедување во РМ“, изработката на Прирачник за транспорт на пари и други вредносни пратки… и секако учеството на Комората на меѓународниот „Homeland and global security forum“ каде таа ќе учествува на специјалната сесија: „Улогата на жената во глобалната безбедност“.
Конференцијата е проследена од бројни новинарски екипи од различни медиуми од земјава и регионот, кои покажаа голем интерес за нејзиното одржување!