
Владата на утрово ќе ја одржи редовната 74-та седница на која с еочекува да бидат потврдени вчерашните одлуки на Комисијата за заразни болести поднесени до Кризниот штаб з апонатамошно олабавување на рестриктивните мерки.
Вчера комисијата предложи од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено и да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Од 1 јуни ќе се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со музика, со максимум 50 отсто исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6. Спортските натпревари натпревари на отворено ќе се играат со публика со 30 отсто исполнетост.. По 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.
Земјата во континуитет има опаѓање на бројот на активни случаи на коронавирусот. Бележиме намалување од 45.3 отсто на нови случаи и намалување од 43.1 проценти на починати, споредено со претходната недела. Во болниците моментов се лекуваат 226 пациенти, а има 480 слободни кревети.
Затворени се најголем дел од ковид центрите, како центрите на хируршките клиники, интерните клиники. Затворена е и модуларната болница на КИБФС, а вчера со работа преста и ковид центарот во Кавадарци и Гевегелија. Останатите ковид центри работат но со многу мал број на пациенти.