„Денешен“: СДСМ и во пракса покажа колку е за независно новинарство

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, продолжува да го крши законот. Тој вчера незаконски поставил началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер. За оваа функција го избрал Тони Ангеловски, досегашен новинар во телевизијата 24 Вести, објави порталот ДЕНЕШЕН.

Како што пишува порталот, со ваквото назначување, СДСМ и во пракса покажал колку сака слободно новинарство и колку заложбите на најголемата опозициска партија во земјава во оваа насока се лажни.

Новинарот Ангеловски утрово им е претставен на вработените во МВР како нов началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер. Станува збор за новинар кој работеше во опозициски медиум, јавно бранејќи ги тезите на СДСМ. Спасовски со оваа одлука уште еднаш го погази системот на кариера во МВР и постави на раководна позиција партиски кадар на СДСМ, објави ДЕНЕШЕН.

Порталот потсетува дека Спасовски од СДСМ многу добро знае како се вработуваат луѓе во МВР. Секој нововработен, согласно закон, најпрво има статус на приправник. Приправничкиот стаж трае една година, а дури по негово завршување, работникот се оценува пред комисија и се распоредува на најниската позиција. Ова правило важи за сите! Очигледно исклучок се прави само за партиските кадри на СДСМ, па Спасовски го поставува новинарот на позиција началник.

Зошто ваквото вработување е скандалозно?

Во табелата се јасно наведени условите кои треба да бидат исполнети за едно лице да биде поставено за началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.

tabela-nacalnik

(клик на табелата за поголема верзија)

Новинарот од 24Вести нема седум години работно искуство, ниту пак досега бил вработен во министерството, туку во опозициската телевизија.