Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, според анкетата што ја спроведе порталот „Скопје инфо“, се најде на второто место на нaјуспешен градоначалник, зад градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.
„Ваквкиот расплет беше доволна причина Жерновски да го критикува изборот и да излезе со тврдење дека анкетата наводно била наместена. Очигледно градоначалникот на Центар не може да се помири со фактот дека граѓанте не го избраа него за најдобар градоначалник, па сега народот му е крив за тоа“, пишува порталот „Денешен“.
Жерновски во писмото до медиумите вели дека не сака да учествува во изборот каде се изигрува вољата на граѓаните, иако според информации на Денешен, токму Жерновски преку неговата блиска соработничка Катерина Цаневска-Арсовска, која му ги вршела сите шпекулативни работи, се обиделе да ја фалсификуваат волјата на народот, но не успеале.
„После ова, градоначалникот на Центар не може да се помири со фактот што тој не е најдобриот скопски градоначалник, туку приматот му припадна на друг. Дел од незадоволните граѓани од работата на Жерновски коментираат дека градоначалникот на Центар почнува да наликува на Калимеро, ликот кој сопствената неспсообност и немањето на ниеден проект го прикрива со плачење и глумење жртва, врескајќи дека нема правда“, пишува „Денешен“.