
Она што денеска се случуваше на Комисијата за избори и именувања само докажува колку се погрешни политиките што ги води оваа власт преводена од СДСМ и нивниот премиер Зоран Заев, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговарајќи на, како што рече, обидите да се дефокусираат јавноста со тоа што ќе ја обвинат опозицијата за бојкотирање на Собранието.
Јанушев истакна дека наместо Владата да се насочи кон тоа на што побрзо да се донесе закон за работа на Уставниот суд, или да пронајде начин како тој би ја имал клучната улога во зачувувањето на уставниот поредок, по примерот на сите развиени европски држави, или да се направи обид оние кои се во Уставниот суд да бидат навистина најпрофесионаолните и најспособните, власта се обидела „на крајно шверцерски“ и „компромитирачки“ начин, по секоја цена на денвен ред да биде таа точка.
Притоа, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кршејќи ги сите процедурални правила веќе којзнае по кој пат во работата во Собранието.
„Со тоа влегуваме во ситуација каде што тезата којашто се поставува ‘или ќе ни помине сѐ што сакаме без притоа да водиме грижа за Уставот, Законот, и процедурите или доколку некој ни се спротивстави, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ тогаш ќе го обвиниме ВМРО-ДПМНЕ дека го бојкотира Собранието’“„, рече Јанушев и додаде дека тоа претставува „мешање на баби и жаби“ но кое веќе не минува кај граѓаните.
Она што денеска се случуваше на Комисијата за избори и именувања Јанушев пред новинарите ја илустрираше со тоа што имало 21 точка дадени во предлог Дневниот ред од коишто за седум точки воопштона пратениците не им бил доставен никаков материјал, а притоа од нив се барало да го гласаатистиот Дневен ред.
„Кога процедурално реагиравме на таквите забелешки на самата седница, ни беа доставени некакви материјали за кои што нели немавме ни време да ги погледнеме за што станува збор. Од она што барем јас лично успеав го погледнам за време на траење на седницата, сепак видов дека за три точки меѓу кои и за првата точка, а тоа е утврдување на предлог за нови уставни судии воопшто не беше доставен никаков материјал, па дури ни барањето кое што од Уставниот суд би требало да е пратено до Собранието дека мандатот истечен на толку и толку судии и дека треба толку и толку судии да се бираат. Така што воопшто немаше создадени услови да се работи на седницата“.рече Јанушев.
Повтори дека уште еднаш биле сведоци на „лицемерието“ на власта и нејзниот „дрзок шарлатански однос“, бидејќи било ускратено правото на збор.
„Значи она што го гледаме во секојдневните говори за демократија и демократски принципи и за едноставно за дијалог значи е само нешто кое што си го даваат на прес конференции и изјави. Но, кога треба да се покаже на дело ништо, ништо од тоа. И уште еднаш ќе повторам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа удостоени да им се даде збор за да го аргументираме односно се обидовме да аргументираме зошто не беа создадени услови за да Комисијата започне со работа. И дадовме многу конструктивен предлог истата да биде прекината да се дополни дека не е ништо итно и дека може попладне утре да се продолжи со работата, кога ќе ни бидат доставени материјалите на увид“, заклучи Јанушев.