
Времето денеска ширум државата ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи.
Утринската температура од 11 до 17, а дневната температура од 18 до 25 степени.
Во Скопје исто така променливо облачно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови само за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.