Денеска дождливо време со грмежи и град

Денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен источен и североисточен ветер.

Попладне ќе биде нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР на Македонија.

Изолирано е можна и краткотрајна појава на град. Нестабилноста се очекува да биде позастапена во северозападните односно западните и јужните делови од земјава како и на планинските места. УВ=7