
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2), локално во форма на невреме со силен југоисточен ветер (над 70км/час).
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 12 степени.
Потоа до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и за време на викендот ќе настапи стабилизирање на времето.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини, информира АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар -Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
АМСМ потсетува дека се затворени сите гранични премини за излез и влез во државата, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и лицата со соодветна дозвола од МВР.