Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 август.

Денеска е Пренос на моштите на Св. апостол Вартоломеј.

Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (јулијански календар), а денес се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век. Инаку, апостолот пострада маченички во ерменскиот град Албанопол, каде беше и закопан од албанополските христијани. Подоцна, поради чудата што се случуваа на местото каде што се наоѓаа неговите мошти, незнабошците го извадија ковчегот од земјата и го фрлија в море. Но, ковчегот не потона, туку по морето доплови до Липарските острови. А Липарскиот епископ Агатон во едно откровение дозна за ова, ги зеде моштите на апостолот и ги смести во црквата посветена на св. апостол Вартоломеј. А кога во деветтиот век муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на свети Вартоломеј беа пренесени во Бенвенет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.