
Главниот празник на апостол Вартоломеј е на 11 јуни (јулијански календар), а денеска се празнува пренесувањето на неговите мошти од Липарските острови во Бенвенет во деветтиот век. Инаку, апостолот пострада маченички во ерменскиот град Албанопол, каде беше и закопан од албанополските христијани.
Подоцна, поради чудата што се случуваа на местото каде што се наоѓаа неговите мошти, незнабошците го извадија ковчегот од земјата и го фрлија в море.
Но, ковчегот не потона, туку по морето доплови до Липарските острови. А Липарскиот епископ Агатон во едно откровение дозна за ова, ги зеде моштите на апостолот и ги смести во црквата посветена на св. апостол Вартоломеј.
А кога во деветтиот век муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на свети Вартоломеј беа пренесени во Бенвенет.