
Денеска во 14:00 часот ќе бидат погребани дел од починатите кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово, дознава Алсат.
Во пожарот кој избувна во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, а 12 се повредени.
Дванаесетте пациенти кои го преживеаја пожарот во тетовската модуларна болница се во добра здравствена состојба без повреди од огнот, уверуваат од Ковид центарот.
-Пациентите кои се спасени се во релативно добра здравствена состојба кај нив нема знаци на повреди од огнот, немаат кожни или други проблеми од инцидентот таа вечер. За среќа тие пациенти кои се префрлени во други одделенија за кратко време, биле во подобра здравствена состојба и немало проблеми во тој вакуум при преместување од едно во друго одделение, при транспорт немало проблеми – изјави Д-р Гзим Нуредини.