Денеска на 10 јануари, се одбележува светскиот ден на насмевките кој важи за еден од најсреќните денови во годината.
Дали знаевте дека една насмевка активира 15 мускули на вашето лице.
Возрасните лица се смееат 17 пати на ден а младите тоа го прават до 300 пати.
Оној што не знае да се смее, за него животот ја изгубил радоста и свежината, а оној што се смее од срце, тој не може да има зла душа!
Користете ја секоја шанса за да се насмевнете. Тоа е најефтиниот и најсилниот лек!
Зошто да се смееме?
Не можеш, а да не го сакаш човекот што умее да те насмее!
Насмевката го намалува стресот и штити од болести на срцето и крвните садови, потврди најновата студија посветена на оваа тема.
Експертите откриваат дека насмевката го намалува нивото на стрес и го намалува срцевиот ритам, додека човекот извршува тешки задачи. Експертите ги анализирале последиците од различните видови насмевки во тешки ситуации.
Затоа секогаш кога ќе ви биде тешко и кога сте лошо расположени, насмевнете се неколку пати пред огледало. Ништо не губите, насмевката е бесплатна и многу моќна!
Насмевката е џогирање за духот.
Не престанувате да се смеете затоа што растете – растете затоа што престанувате да се смеете!
Работите се едноставни – не можете да се налутите на некој кој ве засмева.
Кога некој е изморен да ти подари барем мала насмевка, подари му ја ти твојата!
Нека ви биде среќен Светскиот ден на насмевката и ви посакуваме што повеќе да се смеете во 2014 година!