![K9](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/K9.jpg?resize=420%2C267&ssl=1)
Светот 12-ти јуни го одбележува како Светски ден за броба против работата на децата. За прв пат овој ден е одбележан во 2002 година во организација на Меѓународната организација за работа преку која се подигнува свеста и движењето на акцијата во светот против работа на децата, како и нивно злоупотребување, барајќи поддршка од одредени влади, социјални партнери, невладини организации и медуми во кампања во секој облик со што ќе се спречи злоупотребувањето на трудот на децата на секој можен начин.
Милиони деца ширум светот се вработени, а повеќе од половина од нив се изложени на најлошите облици на детска работа, како што е работа во опасно окружување, ропство или присилна работа, незаконски активноси како крумчарење дрога, проституција, како и учествување во вооружени конфликти.
На тие деца им е скратено примарното образование, здравство, слободно време со што и се кршат нивните темелни слободи и права.
Статистиката покажува дека дури 218 милиони деца на возраст од 5 до 14 години работат, од кои 122 милиони се на подрачјето на Азија, 1,2 милиони деца се жртви на трговија со луѓе, вклучувајќи ги и само што родените бебиња, повеќе од 300 илјади деца носат оружје и се борат во војните во светот, а секој година како последница на несреќа при работа, умираат 22 илјади деца.