
Потекнуваше од околината на Софија. Се подвизуваше на планината Рила, живеејќи во едно шупливо дрво, далеку од очите на светот.
А кога некои овчари по Божја промисла го пронајдоа, тој му стана светилник на светот па многумина доаѓаа кај него за секаква помош. Забележено е дека и бугарскиот цар Петар одел кај него да се советува.
Се упокои мирно на 18 август 946 година. Неговите мошти беа пренесени прво во Софија, па во Унгарија, па во Трново и најпосле во Рилскиот манастир, каде што се наоѓаат и денес.