Денеска ЕК ќе ги објави извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ

Европската комисија денеска треба да гo усвои пакетот за проширување со извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година, јави дописникот на МИА од Брисел. По нивното усвојување на седницата на Колеџот на комесари, извештаите за напредокот за секоја од земјите кандидати ќе бидат јавно презентирани од страна на ЕК.

Пакетот ги опфаќа шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, потоа Грузија, Молдавија, Украина, како и Турција, која што се уште официјално има статус на држава кандидат за членство.