Денеска фотографирање без закажување за лицата со 18 години, кои немаат никаков биометриски документ

Министерството за внатрешни работи денеска во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ни лична карта, ни пасош.

Од МВР ги повикуваат граѓаните кои наполниле 18 години, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.