Барањето за екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски со пропратната документација треба да бидат испратени во Унгарија денеска или најдоцна утре.
Покрај потребната документација за предметот „Тенк“ во кој Груевски е осуден на двегодишна затворска казна, на унгарските власти ќе бидат доставени документи и за сите обвиненија и истражни постапки што се водат против него.