Католичките и дел од христијанските верници, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат раѓањето Христово – Божиќ.
На овој празник католиците го слават раѓањето на Синот Божји, неговото доаѓање на земјата и љубовта која го принудила да го земе човековото тело, да ги живее на земјата сите несреќи на човековата судбина и да го даде својот живот за нас.
Затоа човечкиот род го слави Божиќ веќе со векови. Секој ден со нас и по нас, расте бројот на оние кои молат и пеат: „Слава му на Господ за мирот на луѓето со добра воља на земјата”. Среќен Божиќ !!
Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна полноќна света литургија.