Денеска официјално, со свечена церемонија на која ќе присуствуваат претставници од Владата, ќе биде пуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип.
Церемонијата ќе биде кај Свети Николе, на која ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен.
Делницата е долга 47 километри, во неа се вложени 177 милиони евра.
Автопатот требаше да биде пуштен многу порано, но според Владата, беа увидени неколку грешки на истиот, со што мораше прво да бидат корегирани, а потоа да се почне да се вози по него.