Денеска ќе се знае дали ќе се одложи Нобеловата награда за книжевност

© AFP 2017 / Jonathan Nackstrand

Шведската академија во петокот ќе објави дали ќе се одложи прогласувањето на годинешниот добитник на Нобеловата награда за книжевност, по контроверзиите предизвикани од наводните сексуални вознемирувања, како и со предвременото истекување во јавноста на имињата на добитниците.

Многу ретко досега се случувало Нобеловата награда за некоја од петте области да не биде доделена или да биде одложена. Последен пат тоа се случило, исто така, со наградата за книжевност во 1943 годна, во времето додека беснеела Втората светска војна.

Одлуката треба да биде објавена околу 9 часот по локално време во петокот, изјави претставничката на комитетот за доделување на наградата Луис Хедерберг во четвртокот.

Датумот на годинешното прогласување на лауреатот, исто така, сѐ уште не е познат, иако вообичаено е добитниците да објавуваат во првата половина од октомври.

Шведската академија е погодена од скандалот во случајот на сексуалното вознемирување од сопругот на една од членките, како и поради случаите во коишто имињата на некои од лауреатите однапред протекуваа во јавноста.

Поради сексуалниот скандал од челната позиција на академијата отстапи Кристина Моберг, како и сопругата на обвинетиот. Се повлекоа истовремено и уште неколку членови на академијата, но во медиумите се сугерира и на други заднини на овие оставки. Академијата во меѓувреме објави дека не знаела за „неприфатливото сексуално однесување“ на маж оженет за една од нејзините членки.

Шведската академија во април призна дека некои од имињата на претходните добитници на наградата однапред протекле во јавноста и вети дека поради тоа ќе ги преправи старите правила. Инаку, според овие прописи точните имиња на сите кандидати за Нобеловите награди и оние институции кои ги предложиле стануваат познати за јавноста по педесет години од номинациите.