
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 38 степени во Гевгелија и Демир Капија.
Во Скопје температурата се предвидува да достигне до 37 степен.
УВ зрачењето ќе биде многу високо, ќе изнесува 9.