Данела Арсовска: Ќе депонирам изјава во Антикорупциска дека нема да има промена на мојата имотна состојба и на моето семејство

Денеска на прес конференцијата посветена на тема корупција, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска изјави дека како дел од нејзината борба против корупцијата, првиот ден кога ќе биде на функција ќе депонира изјава во Антикорупциска комисија.

„Во изјавата до Антикорупциска комисија ќе стои дека мојата имотна состојба и на моето поблиско семејство нема да се менува во сите 4 години од мандатот. Ги повикувам сите други кандидати да се обврзат дека ќе го сторат истото. Само со вакви заложби ќе се избориме против корупцијата“, порача Арсовска.