Денеска во Македонија не очекува претежно облачно време со повремени сончеви периоди, но веќе во втората половина од денот облачноста ќе се зголемува во најголем дел од земјата, а со тоа локално ќе имаме појава на слаб дожд.
Според метеоролозите околу средината на денот ќе дува умерен југоисточен ветер.
Максималната температура во поголем дел од котлините од земјата ќе биде во границите помеѓу пет и седум стенепи, а во јужниот дел на земјата околу осум степени
Во Скопје и околината ќе имаме претежно облачно време. Ветерот кој ќе дува од југоисток и повремено ќе биде умерен ќе донесе и позначително расчистување на слабата магла, со што ќе има осетно зголемување на хоризонталната видливост во котлината.
Максималната температура ќе се искачи до шестиот степен.