Утринската температурата ќе се движи од шест до 13, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде пониска за неколку степени и ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.
Во среда ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70км/час. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа од четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови е можна изолирана појава на краткотраен дожд.