![esen-dozd-960x640](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/esen-dozd-960x640.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Времето денеска во државата ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни дури и над 35 литри на квадратен метар, а во југоисточните делови е можна и појава на грмежи.
Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено долж Повардарието каде претпладне ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне. Ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Од утре следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини.
Во Демир Капија во текот на ноќта наврна најмногу дожд, каде според УХМР, измерени се 63 литри на метар квадратен воден талог.
Следат Крушево со 24 л/м2, 23 во Пожаране, 19 Тополчани и Ѓуриште, 18 Прилеп, 13 Битола, 11 Скопје Петровец, 10 Тетово, 8 Куманово, 6 Струмица, 5 Претор и 3 во Охрид.
Најниска температура од 4 степени е измерена во Попова Шапка, 6 во Лазарополе, 7 Маврови Анови и Крушево, 8 Претор, 9 Охрид, 10 Куманово, Битола и Прилеп, 11 Тетово, Крива Паланка и Берово, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец и Штип, 13 Струмица, 14 Демир Капија и 15 во Гевгелија.