Денеска пресуда за Томислав Лазаров за случајот „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд треба да биде објавена пресудата за четвртообвинетиот Томислав Лазаров во предметот насилство во Центар, како претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

На минатото судење тој ја призна вината. Рече дека немал никакви притисоци ниту од Специјалното јавно обвинителство, ниту од полицијата и дека не бил уценуван.

Според обвинението, Лазаров заедно со други лица поттикнал и организирал дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ на протест, со наводен мотив дека ќе се протестира поради уривањето на црквата Свети Константин и Елена.

Обвинетите- екс премиерот Груевски, поранешниот министер Јанакиески и пратеничката Рангелова се изјаснија дека не се виновни за делото што им се става на товар.

Продолжението на рочиштето е на 29-ти ноември.