Метеорскиот дожд „Персеиди“ се појавува секоја година во август. НАСА го нарекува и „најдобар метеорски дожд во годината“, а ќе може да се види до 24 август.
Ќе бидат видливи насекаде низ северната хемисфера, дури и со „голо око“, а најмногу шанси за тоа има на 11, 12 и 13 август, кога ќе можат да се видат и до 100 метеори, зависно од тоа каде се наоѓате.
Овие метеори се посветли од другите метеорски дождови, а меѓу народот се познати и како ѕвезди што паѓаат и остваруваат желби.
Па, доколку сакате да уживате во ваква глетка одете на некое темно место далеку од градот, во наредните денови и погледнете кон небото. За љубителите на фотографија, ова ќе биде супер можност и за единствени фотографии.