Денеска во кругот на касарната Гоце Делчев во населба Аеродром, дирекцијата за заштита и спасување ќе ги прими донациите од Словачка и Холандија.
На примопредавањето на донациите ќе присуствуваат претставници од амбасадите како и претставници од владата на Република Македонија.
Во Република Македонија преку механизмот за цивилна заштита пристигнаа донации од Грција, Австрија, Чешка, Унгарија и Бугарија.