Денеска променливо облачно, нестабилно до крајот на седмицата

Времето во Македонија во вторникот ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе има вредност 5.

Утринските температури во земјата се движат во интервалот меѓу 11 и 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат соодветно на регионите од 23 до 32 целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе преовладува променливо и облачно време со услови за краткотрајни поројни врнежи. Утринската температура достигна 17 а дневната ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.

До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.