Денеска првпат во август повеќе од 100 новозаразени во Црна Гора

Црногорскиот Институт за јавно здравје потврди во петокот 105 новозаразени со коронавирусот, што е првпат во текот на август овој показател да мине сто коронаинфекции на дневно ниво.

Во последните 24 часа забележани се и три смртни исходи од Covid-19. Во Црна Гора во момнетов има 840 активни случаи на заразата или 133 инфекции на 100.000 жители.

Од почетокот на епидемијата во Црна Гора заразени се 4.663 лица, а починале 92 луѓе.

Поради влошената економска состојба, Црна Гора на почетокот од август и покрај политичкиот анимозитети ги отвори границите за туристи од Русија, Белорусија и Украина, од другите земји во источна Европа, а од средината месецот влез со негативен PCR тест беше дозволен и за државјаните на Србија, Македонија, Албанија и Косово.

Во петокот на полноќ започнува изборниот молк. Малку над половина милион Црногорци со право на глас во недела ќе избираат меѓу 11 политички партии и коалиции.

Изборите ќе се одржат поради епидемијата, па гласачите на избирачките места ќе мора да носат маски и да оддржуваат физичко растојание од два метра. Маската ќе може да се симне само при идентификацијата на гласачот. Лицата кои се во самоизолација, а немаат потврден коронаворус, ќе може да излезат од домот за да гласаат, според одлукатана изборната комисија.