„Денеска со задоволство му бев домаќин на Христијан Митевски, младо момче од Штип, личност со попреченост, полн со ентузијазам, идеи и позитивна енергија која ја шири во насока на надминување на предизвиците со кои секојдневно се соочува“, напиша на Фејсбук Ивица Томовски директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата.
Томовски вели дека му ја исполнил желбата на Митевски.
„Му ја исполнив желбата одблиску да се запознае со работата на нашата институција, надлежностите и фокусот на делување, а и за момент да се почувствува како политичар и да ѝ се обрати на јавноста од владиниот прес центар со порака за премостување на разликите и еднакво општество за сите.
Му посакав добро здравје и му изразив поддршка во неговата мисија за прифаќање на различностите и инклузивност на лицата со попреченост“, истакнува Томовски.