Времето во Македонија во петокот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура се движи од четири до 15 Целзиусови степени, а дневната од 29 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб источен ветер. Утринската температура се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
До крајот на месецов ќе се задржи претежно стабилно време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во пораст, а од недела на некои места ќе го надмине просекот за овој период. Во вторник ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за локален краткотраен дожд.