![sonce-04-48231](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/sonce-04-48231-4.jpg?resize=640%2C326&ssl=1)
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со подолги сончеви периоди, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму додаваат дека попладне, пак, ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе биде со засилен интензитет. Утринските температури ќе се движат од 12 до 17, а дневните, највисоки, во интервал од 21 до 30 степени Целзиусови.
Од недела ќе биде претежно сончево и топло, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.