Времето во Македонија во средата ќе биде ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Ултравиолетовото зрачење ќе има висока вреденост УВ=8.
Утринската темература се движи од 8 степени во планинските источни и 10 степени на западните предели, 15 степени во централните области до 19 Целзиусви степени на југот од земјата.
Максималните дневни температори ќе се движат во интервалот од 26 степени во високите област, меѓу 30 и 33 степени во централните областо до 36 Целзиусовите степени на југот.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и стабилно. Утринската температурата достигна до 15-от степен, а дневната ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.
Од четврток до недела подрачјето на земјата ќе биде под влијание на топлотен бран и во поголем дел од земјата ќе биде активирано портокалово ниво на метео-аларм од високи температури.
Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.