Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Во поголемиот дел од земјата температурата ќе опадне за еден до три степени. Ќе дува умерен, а на повисоките места и на планините засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 19 Целзијусови степени, а дневната од 25 до 37 Целзијусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18 Целзијусови стеени, а дневната ќе се искачи до 36 Целзијусови степени.
УВ-индексот ќе има вредност 9.