Денеска сончево со ветер, од петок снег

Времето во Македонја во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег.

Попладне ќе биде претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови.

Минималната температура е во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денска ќе биде сончево, претпладне со мала облачност. Ќе дува засилен северен ветер.

Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 6 степени.

УХМР за во среда и во четврток најавува стабилно време со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во петок.