Други детали за средбата не се соопштуваат.
Коѕиас вчера во Варшава учествуваше на состанокот НАТО-Грузија, како и на работна вечера на министрите за надворешни работи на НАТО со Федерика Могерини. Тој исто така се сретна со канадскиот колега Стефан Дион.
За денеска се планирани и средби на Коѕиас со министрите за надворешни работи на Естонија, Турција и Албанија.