
На денешното судско рочиште ќе се читаат исказите на заштитените сведоци кои беа сослушани за време на главната расправа.
И следните десетина рочишта се очекува да бидат затворени за јавност. Пред спојување на двата предмета „Диво насеље“ и „Молња“ сведочеа околу 20-тина лица, во најголем дел роднини на обвинетите и жители на кумановско Диво насеље, кои тврдеа дека на 8 мај лани не забележале ништо невообичаено во населбата.
Во случајов 37 лица се обвинети за тероризам. Тие не ги прифаќаат обвиненијата за тероризам.