Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска се одржува судското рочиште за случајот поврзан со насилните случувања во Општина Центар по обвинението поведено од страна на Специјалното јавно обвинителство.
Во Судот се пристигнати лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова, како и уште двајца советници од Општина Центар. Во овој случај се обвинети уште девет луѓе, кои СЈО ги товари за поттикнување на насилство во 2013 година бидејќи, според СЈО и според т. н. политички бомби што ги објави опозицијата, партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ го организирал нападот врз локалната самоуправа во Центар, пишува Академик.мк.
На денешното судско рочиште претставник на Специјалното јавно обвинителство е обвинителката Фатиме Фетаи, а судијка е Тања Михајлова, в. д. претседателка на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.