За вашиот денешен ручек предложуваме вкусна паста подготвен со пилешко месо и павлака,а за десерт подгответе слатко и чоколадно задоволство.
Потребно:
500г тестенини
300г пилешки гради
200г кисела павлака
300г шампињон
100г кашкавал
150г фета сирење
сол
оригано
Подготовка:
Пилешкото се сецка на коцки и се зачинува со сол и оригано и се пржи додека не зацрвени. Потоа се додаваат печурките и се пржи додека не испари водата. На крај се додава павлака. Тестенините се варат по упатство, се цедат и кога ќе се сервираат се додава приготвениот сос, фета сирењето и ренданиот кашкавал.
А за десерт подгответе вкусен домашен пудинг.
Потребно:
700 мл. млеко
70 гр. какао во прав
70 гр. шеќер
70 гр. Путер
70. гр. брашно
2 лажици бадемово масло
Неколку излупени бадеми
Подготовка:
Во тенџере измешајте ги брашното, какаото и шеќерот. Додадете го млекото и варете ја смесата на умерен оган со постојано мешање за да не се создадат грутки.
По 5 минути додадете го путерот, па постепено намалувајте ја температурата и оставете смесата да се вари 10тина минути, а одвреме навреме промешувајте.
Во правоаголен сад кој претходно сте го намрсиле со бадемово масло претурете го пудингот од тенџерето, прекријте го и оставете го да се излади неколку часа во фрижидер.
Садот со изладениот пудинг превртете го внимателно на чинија за сервирање и декорирајте го со излупени бадеми.
Добар апетит!