Дури четири високи преставници на Европската Унија, денеска доаѓаат во Скопје каде што ќе остварат средби со државници од нашата земја.
Во Скопје доаѓа помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Вес Мичел. Тој ќе се сретне со министирето за надворешни работи Никола Димитров, потоа ќе има средба со координатори на пратенички групи, а ќе оствари средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини ќе биде во посета на Македонија и ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
Во Скопје доаѓа и министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати. Тој ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери, потоа со министерот Никола Димитров и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Денеска во посета доаѓа и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка Аудн Халворсен, кој ќе оствари средба со државниот секретар во македонското Министерство за надворешни работи Виктор Димовски.