Во „Вила Водно“, во 15.30 часот, шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар ќе го врачи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски.
На настанот ќе присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и претставник на судската власт.