Денеска започнува реализацијата на договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д

Од денеска започнува реализацијата на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10Д, со четири автопатски делници, долги околи 110 километри.
Според најавите, багери на терен денес нема да има, туку подгвотовки преку снимање на теренот, проектирање и утврдување локации за кампови за работници и градежни машини. Но кои се првите локации на кои ќе се одвиваат овие подготовки не откриваат ниту од Министерството за транспорт и врски ниту пак од Владата. Единствено од Министерството за транспорт и врски преку соопштение повторија дека стартуваат подготвителни работи за изградбата на коридорите која е од стратешки интерес за државата.
-Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за работа, подготовка на локации за поставување на кампови за градежната оператива, анализа на трасата и можни дислокации на подземни и надземни инсталации, подготовка на постапки за вршење на геотехнички истраги, велат од Владата
ВМРО ДПМНЕ и денеска го повтори ставот дека власта прави како што велат историска милионска кражба со договорот, и наместо повеќе пари за македонските работници и компании, парите ќе се одлеваат за работници од странство. Потпретседателот на оваа партија Александар Николоски објави дијаграми од кои што се гледа дека и во самиот договор вклучен е бројот на работници од Македонија да биде не повеќе од 30 проценти.
Од СДСМ пак одговорија дека: Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 е донесен во 2021 година и јасно ја регулира обврската на стратешкиот партнер за ангажирање најмалку 51% домашни работници, како и обврската странските работници да ги имаат потребните дозволи за престој и работа.
Од досега објавените делови од договорот реакции предизвика обврската на владата да плати пенали во износ од 53 милиони евра плус, допопнителни 1 милион 265 илјади евра месечно додека трае договорот, доколку не се измени Законот за работни односи и не се воведе 60 часовна работна недела, за 45 дена од потпишувањето Содржината на договорот кој е во висина на милијарда и 300 илјади евра. Увид во договорот, како што потврдија од Владата, ќе имаат само пратениците со безбедносен сертификат, откако девет опозициски пратеници испратија барање до премиерот за увид во него.