![286525763_324712179839643_9193038145188634939_n](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/286525763_324712179839643_9193038145188634939_n.jpg?resize=696%2C579&ssl=1)
Руската амбасадада соопшти дека денеска за првпат е одбележано раѓањето на поетот Александар Сергеевич Пушкин и Денот на рускиот јазик во паркот „Пушкин“ во Кисела Вода, без претставници на Општината Кисела Вода.
„По повод празнувањето на 223 години од раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин и Денот на рускиот јазик, во паркот кој го носи името на Пушкин во Општината Кисела Вода (Скопје), делегација на Амбасадата на Русија, предводена од Амбасадорот Н.Е. Сергеј Баздникин, традиционално положи цвеќе кон споменикот на поетот.
За жал, за првпат по поставувањето на споменикот во 2009 година во церемонијата не учествуваа претставници на Општината Кисела Вода – ова го сметаме како обид да се манифестира „култура на откажување“, која очигледно е надвор од традиционално пријателските односи меѓу нашите народи“, посочија од Руската амбасада.
![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/286225340_324712186506309_388092337086068569_n.jpg?resize=358%2C480&ssl=1)