На иницијатива на познатиот готвач, Џејми Оливер, од оваа година и Македонија се вклучува во одбележувањето на 16-ти мај, Денот на револуцијата во исхраната.
Иницијативата се реализира преку избрани лидери амбасадори од 72 земји во светот. Во одбележувањето на Денот, покрај избраниот македонски амбасадор Маја Лазаревска, се вклучи и министерот за труд и социјална работа, Диме Спасов, кој заедно со 100-тина деца од градинката “Срничка”, од општина Аеродром, ќе ја подготвуваат салатата “Виножито”.
Основното училиште “Владо Тасевски” од општина Карпош, со поддршка на општината, Тинекс и Арт-М продукција, салатата “Виножито”, ќе ја подготвуваат на отворено.
Во склоп на Денот на револуција во исхраната, ќе се одржат и часови за важноста на здравата и домашно приготвена страна, како и интерактивни работилници.
Следните неколку дена е предвидено и да се одржи Food Revolution Caravan, во соработка со општините Кратово и Делчево.
Платформата Food Revolution е основана во 2010 година и претставува движење кое им овозможува на луѓето кои сакаат домашно приготвена и здрава храна да се обединат и 24 часа да делуваат глобално.