
Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје во соработка со Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор, Словенија, за прв пат организираат Денови на COBISS, кои ќе се одржат во вторник, 15.11.2022 г. во Скопје, во Центарот за конференции и студии на Националната и универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и во среда, 16.11.2022 г. во Битола, во Универзитетска бибиотека „Св.
Климент Охридски“ – Битола.
Настанот во Скопје ќе го отворат директорот на Националната
универзитетска бибиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, г. Рахметула Куќи и директорот на ИЗУМ, д-р Алеш Бошњак. Обраќање ќе има и претседателот на Советот на COBISS.Net, д-р Исмет Овчина, директор на Националната и универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина. На настанот ќе присуствуваат претставници од 72 членки на националниот
библиотечно-информациски систем COBISS.MK, а поканети се и претставници од Министерството за култура и Министерството за образование и наука на Македонија.
Свои излагања ќе имаат повеќе поканети излагачи од нашата земја и од Институтот за информациски науки – ИЗУМ од Марибор, Словенија, со кои ќе се осврнеме на досегашните активности и искуства од работењето на националниот библиотечно-информациски систем COBIS.МК, како и на
плановите за неговиот иден развој. Гостите од Словенија ќе ги
презентираат дигиталниот репозиториум dCOBISS, нова апликација во системот COBISS која овозможува чување на дигитални содржини, меѓународната база Unpaywall која содржи неколку десетици милиони научни статии со слободен пристап и со линкови до целосните текстови (главно во pdf-формат, а до која може да се пристапи преку веб-апликацијата COBISS+, како и функционирањето на нормативната контрола на лични имиња
и точки за пристап во системот COBISS. Наши стручни лица со свои излагања ќе се осврнат на примената на повеќе сегменти од програмската опрема COBISS во тековното работење на библиотеките, активностите од новите проекти што ги води Националната библиотека како национален COBISS-центар на полето на нормативната контрола, како и функционирањето
на E-CRIS.MK, информацискиот систем за истражувачката дејност во Македонија.
Настанот ќе биде прилика за меѓусебна размена на мислења и искуства, зајакнување на меѓусебните врски на библиотекарите во системот COBISS.MK, како и можност за разрешување на различни отворени прашања со колегите од Словенија.
Денот на COBISS во Битола ќе биде наменет за претставување на
програмската опрема COBISS што се применува за развојот на националниот библиотечно-информациски систем COBISS.MK, пред претставници од факултетите на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола, со цел факултетите од овој Универзитет да се вклучат и да станат дел од системот. Ќе бидат претставени и информацискиот систем за истражувачката дејност E-CRIS.MK, дигиталниот репозиториум dCOBISS и
меѓународната база Unpaywall.