Денови на македонскиот мед

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед“ од денеска до сабота ќе се одржи по десетти пат во Скопје.

Манифестацијата е во организација на Здружението на одгледувачи на пчели „Матица“ од Скопје традиционално ќе се одржи на улицата „Македонија“, пред спомен куќата на Мајка Тереза. Ќе започне со дефиле и настап преку игри и песни на дечињата од детските градинки од Општина Центар.

Покровител на манифестацијата е министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.