![kv_de_marketing_handball](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/kv_de_marketing_handball.jpg?resize=696%2C260&ssl=1)
Француската ракометна федерација деновиве треба да ги објави градовите каде ќе се одржи Светското првенство во 2017 година. Како што пишува веб порталот www.handnews.fr одлуката мора да се објави до крајот на оваа недела, но сепак освен реновираниот „Парис Берси„, со 17.000 седишта, кој ќе биде домаќин на финалниот викенд, ништо друго не се знае.
Некои градови како Монпеље или Нант се во предност, бидејќи имаат сали со капацитет од 9.000 седишта, но финансиската криза може да ги отргне од мундијалот. Федерацијата објави дека целта ќе биде да се надмине бројката од 500.000 фанови за време на целиот мундијал. Единствениот начин за тоа да се оствари се мечеви на фудбалски стадион.
Постојат некои назнаки дека првиот натпревар може да се организира на прекрасен стадион “Пјер Муру„ во Лил со капацитет од 30.000 седишта и подвижен покрив. Тоа ќе биде нов светски рекорд на големите настани организирани ЕХФ и ИХФ. Но сепак е само идеа и е далечен од реализација.