ОВЕН
Ве очекува поволен ден за работа. Може да се надевате на разговор кој ќе ви биде значаен. Имате голема желба да се свртите кон нова љубов. Подготвени сте за промени. Одлично здравје.
БИК
Денешниот ден ви е добар, очекувајате дека ќе ги остварите своите планови за работа. Моментално љубовта ви е на прво место и се трудите да бидете посветени на саканата личност. Чувствителни очи.
БЛИЗНАЦИ
Успешни сте и зрачите со позитивна енергија, во работното опкружување сте на добар глас. Посветени сте на вашиот партнер и подготвени сте да му помогнете околу проблемите кои го мачат. Ќе ви годи релаксација.
РАК
Внимателно разгледајте ја најновата работна понуда која ви доаѓа. Подготвени сте за промени на ова поле. Партнерот ви делува како да крие нешто од вас. Неговото променливо однесување ве збунува. Малаксаност.
ЛАВ
Ќе имате среќа на полето работа и ќе успеете да ги остварите своите желби. Амбициозни сте и способни. Сакате врската со саканата личност да ја пренесете во врска на некое поголемо ниво. Подготвени сте за важни одлуки. Проблеми со варењето на храната.
ДЕВИЦА
Можно е денеска да сте напнати и во голема мера наклонети кон некои караници со надредените. Ситуацијата со саканата личност носи дилеми кај вас. Можно е да не сте сигурни која личност е вистинската. Алергии.
ВАГА
За да успеете да остварите некои планови кои ги имате, ќе биде потребно и да правите некои компромиси со работното опкружување. Можно е да имате некои пресврти во следниот период. Внесувајте повеќе витамини и минерали.
ШКОРПИЈА
Сите околности на полето работа ви се наклонети. Добро се чувстувате поради својот успех. Ве очекува познанство со нов додворувач со кој ќе имате силни чувства. Подготвени сте за нова врска. Мали проблеми со главоболка.
СТРЕЛЕЦ
Очекувајте дека ќе успеете да решите некои работни дилеми. Поволен ден за остварување на плановите. Можно е да ви е тешко да се ослободите од стравот кој го носите од минатата врска. Водете сметка околу исхраната.
ЈАРЕЦ
Поработете на концентрацијата за да може да ги решите работните задачи кои се пред вас. Ве очекува фаза во која ќе имате мали пречки и караници во односот со саканата личност. Можни се болки во грлото.
ВОДОЛИЈА
Иако сакате да ја смените работата, заега не ви се укажува некоја конкретна прилика. Не сте сигурни во своите чувства кон партнерот и не сте подготвени да му ветувате премногу. Губење на апетит.
РИБИ
Во недостаток на концентрација може да правите грешки кои не се пожелни за вашата работа сега. Се чувствувате некако ладно кога се во прашање чувствата. Како партнерот да не ви дозволува да ги покажете. Низок притисок.